Во сезоната што е зад нас тимот на Вардар ја освои јубилејната десетта титула и поставија нов државен рекорд во најмногу освоени бодови во тек на една натпреварувачка сезона. Имаше само краток одмор за црвено-црните момци , кои започнуваат денес со подготовки за предизвициите кои им претстојат во европските натпреварувања. Играчот на фудбалскит клуб Вардар Благоја Љамчевски за нашиот сајт на кратко ги сподели амбициите со кои се започнуваат денешните подготовки и желбата за противник во второто квалификационо коло од ЛШ.
Од денес почнуваме со подготовките за предизвикот што не очекува во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе се подготвиме добро и ќе ја оствариме зацртаната цел да поминеме барем едно коло за што подолга европска есен. Секој можен противник е силен па кој и да ни се падне ке биде тешко, но сметам дека ние можеме да се надигруваме и да се носиме со секоја од овие екипи. Ако ме прашате кого посакувам , АПОЕЛ ни остана должник од ланскиот двомеч па се надевам дека ќе имаме можност да им се одмаздиме.
Изминатава сезона освоивме два од трите трофеи па може слободно да кажам дека имавме успешна сезона. Сепак најбитно е што успеавме да ја одбраниме титулата и ја освоивме јубилејната 10та. Лани погодив во Л.Ш, сепак најважно е да одиме понатака, а кој ќе даде гол воопшто не е битно. Јас лани погодив за 1-1 годинава се надевам дека доколку постигнам гол ќе биде доволен за да се пласираме во наредно коло- изјави Љамчевски за Вардарфанс.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ