Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар ги “пали моторите“ на 27 јули, закажани пет контролки
РК Вардар ги “пали моторите“ на  27 јули, закажани пет контролки

РК Вардар ги “пали моторите“ на 27 јули, закажани пет контролки

Црвено-црниот машки ракометен колектив летните подготовките за сезоната 2016/2017 ќе ги започне на 27 јули. Според планот за  тогаш е закажан првиот собир кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Потоа тимот предводен од Раул Гонзалес  ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија. Во словенечкиот тренинг-центар е предвидено да се остане во периодот  1 -12 август. Веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење за време на престојот во Словенија, тие ќе се играат на 6 и 10 август. Потоа подготовките за новата сезона  ќе ги продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков, во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август. Таму ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен. Според планот со францускиот тим играме  на 19 август, на 20 август  играме со Висла и на 21 против Мешков Брест. По крајот на турнирот веќе на  22 август екипата се враќа во Скопје.