Македонската фудбалска репрезентација до 16 години продолжува да реди победи на контролните натпревари. Денес беше забележана нова втора победа во дуелите со репрезентацијата на Словачка. Да потетиме дека во вторник нашите малди надежи триумфираа на првиот одигран меч во Словачка со резултат 3:1.
Денес ја потврдивме доминацијата против врсниците од Словачка и ја остваривме вкупно петтата победа на исто толку одиграни пријателски мечеви мечеви во изминатиов месец дена. Голот вреден победа го постигна поранешното Вардарово момче Дарко Чурлинов во 27 минута. Нашите млади надежи имале уште неколку добри шанси за зголемување на воството, кои останале нереализирани. Во составот на оваа млада селекција која ја предводи Добринко Илиевски настапија и четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Денес како стартери беа Малик Зибери и Филип Антовски, додека шанса за настап во второто полувреме добија и Марко Ѓорѓиевски и Саит Битиќи, кои настапуваат за пионерите.