Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фљамуртари го сака Јасир Асани, веќе има испратено понуда до ФК Вардар
Фљамуртари го сака Јасир Асани, веќе има испратено  понуда до ФК Вардар

Фљамуртари го сака Јасир Асани, веќе има испратено понуда до ФК Вардар

Екипата на Фљамуртари од Валона-Албанија е заинтересирана за играчот на црвено-црниот фудбалски колектив и албански репрезенативец во селекцијата за играчи до 21 годишна возраст Јасир Асани. Тимот од Валона мината сезона успеја да обезбеди опстанок во “албанската фудбалска елита“ со три бода предност зад последниот патник во понизок ранг.

Тимот на ФК Фљамуртари веќе испратил понуда до ФК Вардар за  услугите на  20 – годишниот Асани.  Јасир има важечки  договор со Вардарци се до 2017 година и се очекува оваа недела додека тимот е се уште во Македонија, пред да замине за Австрија каде ќе ги продолжи летните подготовки да се знае исходот од ова понуда. Иако мали се шансите за таков трансфер. За потсетување вардаровиот играч  прифати  да биде дел од младата репрезентација на Албанија за која забележа настап од како претходно играше и за Македонската селекција во која селекторот Боби Милевски избегнуваше да го повикува, a потоа Јасир се одлучи да настапи за друга селекција.