Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Табаковски: “Јуниор“ лигата претставува ново искуство, наградите се едни од најпосакуваните признанија
Мартин Табаковски: “Јуниор“ лигата претставува ново искуство, наградите се едни од најпосакуваните признанија

Мартин Табаковски: “Јуниор“ лигата претставува ново искуство, наградите се едни од најпосакуваните признанија

Првата сезона на ракометната “Јуниор“ лига го доби својот крај. Во дебитантската година, лигата покажа задоволство кај сите учесници од нејзината организација. Можност да бидат дел од “Јуниор“ лигата имаа повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од академијата на ракометниот клуб Вардар. Ние како медиум продолжуваме со нејзина промоција и по завршување на истата. Екипата на РК Преспа стана шампион во Јуниор лигата за која настапува Мартин Табаковски, кај генерација родени 2002/03, откако во финалето беа подобри од екипата РК Кале-Вардар. Во следниов текст можете да ги прочитате неговите впечатоци од лигата и задоволството од освоеното признание.

-Ракомет тренирам од својата десетта година, а веќе четири години сум член на ракометната академија Преспа од Ресен, и сум член на ракометната академија Вардар. Можам слободно да се пофалам дека имав од кого да гледам и учам. Александар Јовиќ е мој тетин кој е поранешен репрезентативец и сегашен тренер на РК Металург и секашен селектор на младинската репрезентација. Мојата цел е еден ден да го облечам дресот на РК Вардар и да ги бранам боите на нашата репрезентација.

Задоволството од дебитантската сезона на Јуниор лигата е голем кај секој учесник во истата.

-Моето мислење во врска со формирањето и одигрувањето на натпревари во“Јуниор“ лигата е во голема корист како за нас дебитантите, младите идни ракометари така и за афирмација на самата лига преку која доколку се продолжи да се организира на ваков начин успесите би биле неизбешни.

Мартин Табаковски доби награда за најдобар играч и стрелец на завршниот турнир во оваа генерација.

-Како дебитанти во оваа лига ние сме презадоволни од постигнатиот успех. Секако за мене ова претставува ново искуство и дополнителен мотив за понатамошен натпреварувачки процес. Мојот настап би го оценил како солиден иако секогаш може подобро. Најпрвин треба да напоменам дека ова натпреварување трае во текот на целата година, што е од големо значење за еден млад играч. Во таквиот систем можеш да покажеш што знаеш и умееш колку си напреднал и можеш да видиш што треба да корегираш и учиш. Сите знаеме дека наградите се едни од најпосакуваните признанија за играчите, па и ова награда која ја добив јас како најдобар играч и најдобар стрелец се секако уште еден мотив плус за мене за понатамошната работа и посветеност кон ракометот.

Желба на секој млад ракометар е да продолжи во најголемиот клуб во Македонија.

-Ако ние играчите кои тренираме и се залагаме за она што најмногу го сакаме, немаме некоја цел, тогаш нема ни успех. Секако дека секој млад играч би сакал да напредува и оди погоре, но сепак за тоа одлучуваат тренерите на тие категории, изјави Мартин Табаковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски