Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардаровите ракометари со своите селекции во борба за пласман на СП во Франција
Вардаровите ракометари со своите селекции во борба за пласман на СП во Франција

Вардаровите ракометари со своите селекции во борба за пласман на СП во Франција

Денес ќе се одиграат реванш натпреварите од баражот за пласман на светското ракометно првенство, кое во 2017 година ќе се одржува во Франција. Од Вардаровите играчи кои следната сезона ќе настапуваат за црвено-црниот дрес, активни ќе бидат Стојанче Стоилов со Македонија, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев со Русија и Мијајло Марсениќ со селекцијата на Србија.

Русија со една нога веќе е на светското првенство во Франција, откако на првиот натпревар пред својата публика беа подобри од селекцијата на Црна Гора. Тој натпревар заврши убедливо во корист на Русија со резултат 29:22. Шишкарев постигна четири гола, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Дибиров. Денешниот дуел со Црна Гора е закажан за 18 часот.

Србија има тешка мисија да обезбеди пласман на еден голем мундијал. После поразот на домашен терен од селекцијата на Унгарија (25:26) шансите за пласман на СП се помали. Мијајло Марсениќ запиша два гола на овој натпревар. Денешниот натпревар кој ќе се игра во Веспрем ќе започне во 20 часот.

Во истиов термин силите ќе ги одмерат и репрезентациите на Македонија и Чешка. Како што е познато наата репрезентација реваншот ќе го стартува со негатива од шест гола, откако на првиот одигран меч во Злин, Чесите беа подобри со резултат 28:22. Стоилов беше стрелец на еден гол, додека Филип Лазаров не успеа да се запише вои листата на стрелци.