Денеска шампионот на Македонија, црвено – црниот тим на Вардар ќе го одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Австрија. Противник на нашите играчи денеска ќе биде тимот на Штурм од Австрија. Овој натпревар ќе се одигра со почеток во 16 часот, ова ќе биде прв меѓусебен натпревар на овие два тима. Инаку во средата Штурм го победи тимот на Целје со 2:0 на пријателски натпревар во Австрија.
Штурм изминатата сезона заврши на петтото место во најсилната австриска лига. Тоа значи дека овој тим не избори настап на меѓународна сцена оваа година. Штурм во својот состав има вкупно осум интернационалци. Најдобар стрелец на екипата за изминатата сезона беше играчот Роман Киенашт со вкупно осум голови. Не очекува еден интересен и возбудлив натпревар. Се надеваме на добро издание на нашите играчи.