ФК Вардар утрово го дозна противникот за второто квалификациско коло во Л.Ш, тоа е хрватскиот шампион кој повеќе од деценија владее со фудбалот во таа земја, постојаниот учесник на групната фаза во европските натпреварувања Динамо Загреб. Вардарци веста ја добија во Австрија каде се на летни подготовки. Прв дуел кој не очекува во продолжение на “мисијата Динамо“ е тест-натпреварот со Спартак.
Со екипата на Спартак Трнава од Словачка ќе се сретнеме задутре на 22-ри јуни. Досега веќе одигравме еден тест дуел во Австрија со австрискиот бундеслигаш Штурм вој меч заврши реми 1-1 (0-0). Поведовме ние преку Новак во 66минута од мечот, а австриците изедначија преку Кох во 75 минута. Според претходно утврдената програма за на 25-ти јуни имавме закажан меч со Динамо Загреб, но по денешната ждребка која сакаше да ги спои некогашните ривали од силната ех ју лига се подразбира дека овој дуел нема да се одржи и двата тима ќе бараат други сапаринг-партнери, се очекува наскоро и официјално двата клуба да ја потврдат оваа вест. Во шампионската лига првите натпревари од второто коло ќе се играат на 12/13 јули, а реваншите се предвидени седум дена подоцна, токму ние сме домаќини на првиот меч и ќе се одлучи дополнително дали ќе ги пречекаме “модрите“ на 12-ти следниот месец или ден подоцна. Според претходно утврдениот план и програма за летни подготовки после мечот на 25ти, требаше да има дуел на 29-ти со тим кој дополнително ќе се договори и останува завршната “контролка“ на 3-ти јули со тимот на Марибор од Словенија.