Нашиот противник во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, Динамо Загреб денес го промовираше својот нов тренер Златко Крањчар. Крањчар пред хрватските медиуми вообичаено одговараше на некој прашања поврзани со нивниот противник во ЛШ, шампионот на Македонија ФК Вардар. Ви пренесуваме неколку реченици поврзани со нашиот тим:
За натпреварот со Вардар ангажиравме човек кој ќе ги анализира и следи, повеќе информации за Вардар ќе имаме во наредниот период. Сеуште е рано да се говори, но можам со сигурност да кажам дека максимално подготвено ќе го дочекаме двомечот со Вардар, и секако нема да го потцениме, бидејќи се работи за квалитетен тим. – Истакна новиот тренер Златко Крањчар.