Младинките на Жрк Вардар со победа го стартуваа вториот дел од сезоната. Денеска на гостински терен беа подобри од екипата на Стружанка, против која забележаа убедлива победа со резултат 12:25. Првото полувреме заврши во корист на Вардарки 6:12.
Најефикасна во нашите редови беше Наташа Нолевска која постигна 10 гола. Гичевска и Тодоровска додадоа по 4. Нина Ладева беше одлична на голот забележувајќи 16 успешни интервенции.
-Натпреварот помина во тотална доминација на нашата екипа. Го контролиравме резултатот во текот на сите 60 минути. Нашата цел оваа сезона е освојување на младинскато првенство, и нормално е дека на секој натпревар и против секој противник одиме на победа. Лично за себе и од својата екипа сум задоволна од овај натпревар, меѓутоа секогаш постои простор за напредок и уште подобра игра, ни изјави најдобриот стрелец на денешниот натпревар Нолевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски