ЕХФ ги одреди шеширите во кои ќе бидат сместени екипите, при извлекување на ждрепката во лигата на шампиони и тоа за најквалитетните групи А и Б. Нашиот ракометен шампион се најде во третиот шешир заедно со бронзената екипа од последниот завршен турнир во Келн, а тоа е тимот на ПСЖ. Ова значи дека црвено-црните неможат единствено да бидат во група со Францускиот шампион. Извлекување на ждрепката е закажана за овој петок.
Вака ќе изгледаат шеширите со екипите во најквалитетни групи во ЛШ:
Шешир 1: Веспрем и Рајн-Некар
Шешир 2: Барселона и Киелце
Шешир 3: ПСЖ и Вардар
Шешир 4: Загреб и Силкеборг
Шешир 5: Брест Мешков и Висла Плоцк
Шешир 6: Пик Сегед и Фленсбург
Шешир 7: Целје Пивоварна Лашко и Кадетен
Шешир 8: Кристијанштад и Кил