Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Муарем Зекир за Вардарфанс: Вардар има потенцијал да ја мине таа баријера што се нарекува “влез во групна фаза“

Муарем Зекир за Вардарфанс: Вардар има потенцијал да ја мине таа баријера што се нарекува “влез во групна фаза“

Во пресрет на првиот меч со Динамо Загреб продолжуваме со сериалот на изјави од легендите на ФК Вардар кои оставиле печат во еврпските дуели на црвено-црните. По контактот и мислењето на бразилецот Вандаир (види) кој е најдобриот стрелец во историјата на Вардар во евро-куповите следен кој ќе ви го носиме е легендарниот голман кој повеќе од деценија го бранеше голот на вардарци Муарем Зекир. Популарниот Зеко покрај другите настапи беше на голот во легендарниот двомеч со ЦСКА-Москава. Тој 13 години беше дел нашиот љубимец и настапи на близу 300 првенствени, куп, пријателски и европски мечеви. Покрај тоа тој кога беше дел од Вардар добиваше покани и за А-селекцијата на Македонија каде забележа 14 настапи, квалификациски и пријателски.   Како голман на Вардар, тој во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02 и 2002/03), како и три трофеи во националниот куп (1992/93, 1994/95 и 1998/99).

Легендо  одговорете за нашите вардарови фанови  каде е денес екс голманот на црвено-црните Муарем Зекир- ЗЕКО? Работи ли нешто околу  фудбал, го следи ли нашиот фудбал и случувањата во него ?

Како прво сакам да ги поздравам преку Вардар фанс сите приврзаници на црвено-црната боја. Моментално живеам во Баку-Азербеџан и сум кординатор на сите голмански тренери во фудбалскиот клуб “Баку“. Како што гледате не сум далеку од фудбалот и искрено јас не ни можам ни да замислам да работам нешто друго освен оваа работа. Да, ги следам приликите во македонскиот фудбал и многу ме радува фактот што мојот некогашен клуб Вардар има потенцијал да ја мине таа баријера што се нарекува “влез во групна фаза“

zeko

ФК Вардар е исправен пред голем предизвик двомеч со хрватскиот шампион загребски ГНК Динамо кој владее повеќе од деценија со фудбалот во таа земја и е постојан учесник во групната фаза во европските-купови. Ваше мислење за овој дуел, шансите на црвено-црните и каде може да се бара  предноста на Вардар  во ова балканско соочување ?

Може да кажам дека хрватскиот шампион Динамо Загреб е одличен тим за балкански услови, тие сеа со новиот тренер Крањчар ќе сакаат брзо да направат успех. Мое мислење е дека тоа е само еден плус на страната на Вардар, посебно овде треба да се потенцира дека нашиот тренер Седлоски многу добро ги познава противниците. Тој има играно долго таму и во најмала рака ја знае атмосферата што е голем плус за нас. Јас сум оптимист и во секој поглед само да не паднеме на “нисковредносен“ комплекс, а нив да ги дигнеме до небо со што себе би се закопале. Колку што сум информиран сега  ФК Вардар  во моментов не заостанува воопшто организационо зад ниту еден клуб од балканот во што лежи и мојот оптимизам за престојниот двобој.

 Каква е разликата помеѓу европските мечеви кој вашата генерација ги играше во евро-куповите и сегашните прилики во мак.фудбалот. Како му е останат во сеќавање незаборавниот дуел на градскиот стадион кога ја исфрливте силната руска екипа шампионот нивни ЦСКА-Москва, што беше големо изненадување за европските фудбалски прилики?

За мечевите кои ги играше мојата генерација во фудбалска Европа можам да кажам дека имаше поголем интерес од сега, зборувам од аспект на навивачите. Се чудам на некои мечеви наши во европски рамки не е целосно исполнето гледалиштето. За мечот со ЦСКА може само да зборуваме и тоа многу. Чуството не може да се ракаже тоа мора да се доживее на теренот. Се надевам и мислам дека и оваа генерација може да им пружи на вљубениците во црвено-црните бои такво чувство.

zeko3

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ