Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Мартин Ѓоргиевски: Преку “Јуниор“ лигата се откриваат голем број на таленти, кои имаат можност да го остварат својот најголем фудбалски сон
Мартин Ѓоргиевски: Преку “Јуниор“ лигата се откриваат голем број на таленти, кои имаат можност да го остварат својот најголем фудбалски сон

Мартин Ѓоргиевски: Преку “Јуниор“ лигата се откриваат голем број на таленти, кои имаат можност да го остварат својот најголем фудбалски сон

Вардар Фанс “неуморно“ продолжува со промоција на “Јуниор“ лигата, која е под целосна организација на фудбалскиот клуб Вардар. Зад нас е веќе првата сезона од ова натпреварување кое покажа добри резултати и остави позитивни впечатоци кај сите учесници во лигата. Како “плод“ на дебитанската сезона е преминувањето на осум играчи од регионалните школи кои се дел од “Јуниор“ лигата во младинските екипи на ФК Вардар. Еден од нив е Мартин Ѓорѓиески кој од школата Еврофудбал премина во Вардаровата генерација, родени “2002“ година.

-Уште од мал имав желба да играм фудбал, па мојот постар брат Никола ја примети мојата љубов кон фудбалот и по негова иницијатива на 7 годишна возраст се зачленив во фудбалската школа Еврофудбал од Охрид, под водство на тенерот Аце Велјаноски на кого сум бескрајно благодарен. Фудбалската игра префирира тимска работа и максимално залагање на секој поединец на теренот. Мојата визија за успех во фудбалот е да тренирам максимално и редовно и само со многу труд и работа може да се постигне успех во фудбалот.

На летниот камп организаран во месец август минатата година од страна на нашиот клуб, учествуваа голем број на деца, кои беа будно следени од Вардаровите тренери кои работат во младинските генерации. Токму тогашниот тренер на генер. “2002“, а сегашен координатор Павел Неделковски го препозна Мартин како калитетен играч, давајќи му шанса да игра за црвено-црниот дрес. Тој игра на позицијата десен бек и се смета за голем потенција, кој допрва треба да напредува и прераснува во голем играч.

-ФК Вардар во 2015 год. организираше фудбалски камп во Дојран на кој и јас присуствував. На кампот бев забележан од тогашниот тренер Павел Неделкоски кој последниот ден ме праша дали сакам да играм за Вардар. а јас без размислување потврдно одговорив. “Вардар Јуниор“ лигата е проект кој го спроведува фудбалскиот клуб Вардар и е единствен во Република Македонија преку кој се откриваат голем број млади таленти. Овој проект ми се допаѓа бидејќи преку овој проект многу деца имаат можност да го остварат својот најголем фудбалски сон. Преминувањето во Вардар за мене значи многу бидејќи е најголемиот фудбалски клуб во Македонија, многу познат на на меѓународната сцена и клуб со долгогодишна историја.

Генерација “2002“ сезоната ја завршија на второто место. Во есеснкиот дел од сезоната нашите млади надежи немаа доживеано пораз и имаа импресивна гол разлика од 54 постигнати и само 3 примени голови. Во пролетниот дел го доживеавме и единствениот пораз во регуларниот дел на сезоната. Во елиминацискиот дел забелажвме две убедливи победи и на тој начин се пласиравме на завршниот турнир. Таму стигнавме во големото финале, кое за жал го загубивме.

-Во детската лига есенскиот дел го завршивме успешно без ниеден пораз, а во пролетниот дел под водство на тренерот Петар Ѓорѓиевски го задржавме првото место. На завршниот турнир игравме одлично и тимски. Против екипата на Брегалница победивме 5:0, во полуфиналето екипата на Гостивар ја победивме 4:0, а во финалето покрај одличната игра несреќно изгубивме од екипата на Академија Пандев од Струмица 2:1. Јас сум задоволен од нашиот успех, но сепак мислам дека можевме да го освоиме првото место во Македонија. Моите планови се напорно и максимално да тренирам и да ги слушам советите од моите тренери, бидејќи само така ќе постигнам добри резутати понатака во фудбалот, изјави Мартин Ѓорѓиески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски