Младинска машка ракометна репрезентација на Македонија ги одпочна последните подготовки за настапот на Европското првенство за ракометари до 20 години. Овој континентален собир ќе се одржи во Данска, од црвено-црните на списокот фигурираат петмина вардарови играчи.
Вардарци во оваа млада селекција ги имаат двата голмана: Илија Трпевски и Марко Кизиќ. Покрај нив од црвено-црните на списокот се и бековите Тоше Ончев, Алаександар Димовски и Стефан Трпчевски. Трпевски е член на Вардар, а останатите четворица се членови на Вардар-2 тоа се млади ракометари кои сезонава има добри настапи бидејќи стигнаа до вицешампионската титула во Првата лига, а потоа и играа бараж за влез во суперлигата со велешки ГРК Борец. Црвено-жолтите ќе играат во Ц групата заедно со домаќинот Данска, со Норвешка и Холандија. По крајот на групната фаза две најдобри репрезентации продолжуваат понатаму, а останатите ќе разигруваат за пласман од 9 – 16 место.
Распоред на натпревари во Колдинг:
28 јули: Норвешка – Македонија (17,45)
29 јули: Македонија – Данска (20)
31 јули: Холандија – Македонија (18)