Од ФК Вардар денеска официјално излезе соопштение по повод натпреварот против Динамо Загреб. Натпреварот во Скопје и дефинитивно ќе биде одигран на 12-ти (вторник) со почеток во 20 часот и 45 минути на националната арена Филип II. Од ФК Вардар информираат дека билетите ќе се продаваат преку продажните места на Тикет Плус, како и онлајн преку интернет страната на ticketplus.mk. Сите кои сакаат да го следат Вардар, тоа ќе може да го сторат веќе од од 1 јули па се до 6-ти, кога билетите ќе се пуштат во продажба и цените на билетите ќе бидат по екстра ниска цена, од само 100 денари. А по 6-ти, цените на билетите ќе бидат по 200 денари.
На 12 јули, сите патишта водат кон арената „Филип Втори“.
Да го обоиме Градски во “‘црвено – црна” боја!
Македонија навива за Вардар!
Со полни трибини, до исполнети срца!