Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Заврши краткиот одмор за фудбалерите, денес со тренингот од 20час. во “Хиподром“ продолжува мисијата Динамо
Заврши краткиот одмор за фудбалерите, денес со тренингот од 20час. во “Хиподром“ продолжува мисијата Динамо

Заврши краткиот одмор за фудбалерите, денес со тренингот од 20час. во “Хиподром“ продолжува мисијата Динамо

Црвено-црниот фудбалски колектив одработи летни подготовки во Австрија и Хрватска по крајот на истите експедицијата се врати во Скопје. Играчите добија краток заслужен одмор од шефот на стручниот штаб на вардарци Гоце Седлоски кој завршува денес во 20-00 часот. Токму во 20 часот ќе се оддржи првиот и единствен тренинг денес. Истиот ќе се одвива  во тренинг центарот на ФК Вардар во скопската населба Хиподом. Со овој тренинг ќе се стартува последната етапа пред дуелот во вторник со шампионот на хрватската прва лига Динамо Загреб.

“Мисијата Динамо“ е во последната фаза, стручниот штаб полека ќе го дефинира костурот на тимот со кој во вторник на 12-ти јули во 20-45 ќе истрча да се соочи со “модрите“ пред се надеваме полната арена “Филип Втори“ во Скопје. За време на престојот во Австрија, а подоцна и во Хрватска се одиграа четири контролни натпревари. На истите дојдовме до една победа, две реми и еден пораз. Интересен факт е што погодивме на сите мечеви на подготовките , од кој на три по еднаш и со полскиот тим Јагелонија погодивме двапати. Билетите со цена од 100 денари за овој меч може да се купат уште денес, од утре истите ќе бидат двојно поскапи и ќе чинат 200 денари. Одлична  маркетинг  акцијата има  ФК Вардар-  “Да ја обоиме арената во црвено – црно“, која ја поздравуваме и детали за истата може да најдете- ТУКА.