Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Клара Трајкова: “Јуниор“ лигата претставува проект преку кој младите добиваат шанса за играње, и достигнување во ракометот, среќна сум што ќе бидам дел од клуб како Вардар
Клара Трајкова: “Јуниор“ лигата претставува проект преку кој младите добиваат шанса за играње, и достигнување во ракометот, среќна сум што ќе бидам дел од клуб како Вардар

Клара Трајкова: “Јуниор“ лигата претставува проект преку кој младите добиваат шанса за играње, и достигнување во ракометот, среќна сум што ќе бидам дел од клуб како Вардар

Веќе се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кои влегоа во големото црвено-црно семејство ги дава првите резултати. Нивниот настап во Јуниор лигата овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Јуниор“ лигата која беше во целост проект на ракометниот клуб Вардар беше вистинско откритие, но и голема среќа за сите спортисти кои се занимаваат со овој спорт. Голема беше честа за ракометните школи низ цела Македонија да бидат дел од “Јуниор“ лигата, каде нивните деца имаа можност преку натпреварите да ги покажуваат своите квалитет. Повеќе од 20 ракометни школи беа дел од овој голем проект на РК Вардар, кој се очекува да биде зголемен во следната натпреварувачка сезона. Ние како медиум продолжуваваме да ги промовираме најмладите, кои беа дел од лигата и да ги дознаеме нивните впечатоци и мислења за оваа лига. Клара Трајкова ја имаше можноста да биде дел од ова натпреварување, кое се покажа како голем чекор во нејзината понатамошна кариера.

- Ракомет тренирам веќе 4 години, од мојата 12-та година. Се започна еден ден кога ме повикаа да играм за училишниот тим. По одиграната утакмица кај мене започна да се раѓа интерес и љубов кон овој спорт. Таа утакмица претставуваше клучен факт за мојот почеток во ракометот. Почетоците на моето тренирање започнаа во моето родно место запишувајќи се во училишниот ракометен клуб. Секојдневното тренирање, играењето на се повеќе утакмици од ден на ден ја зголемуваа мојата љубов кон ракометот. Желбата за играње и постигнување на се поголеми успеси се роди оној ден кога добив пофалница за најдобар пикер доделена од страна на ракометен клуб „Ѓорче“. Тоа претставуваше мотив за трагање кон поголеми достигнувања. По тригодишното тренирање во училишниот ракометен клуб јас се пронајдов во академијата на Вардар, РК Кузман.

Женската екипа на РК Кузман го освои третото место на завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2000/01 година. Избраничките на Александра Кузмановска и Александар Савов во борбата за третото место беа подобри од екипата на Академија 2 и на тој начин се закитија со бронзениот медал.

-“Јуниор“ лигата претставува проект преку кој младите добиваат шанса за играње, усовршување и достигнување во ракометот. Лигата нуди можност како за усовршување на тешниките на игра, така и за стекнување на пријателство помеѓу сите учесници. За време на лигата имавме многу натпревари со најразлични екипи од други градови. Со секој одигран натпревар стекнувавме се поголемо искуство и знаење, како и се поголеми пријателства. За време на натпреварите јас и мојата екипа се покажавме во најдобро светло. Ние вложивме голем труд и напори во тренирањето за постигнување на што подобри резултати. По целосно вложениот труд, напорните тренинзи и сите одиграни натпревари го усвоивме третото место во Јуниор лигата. Сепак тоа за нас претставуваше голем успех и достигнување кое ни даде уште поголем мотив за понатамошното тренирање. Јас лично сум задоволна од постигнатиот резултат, иако секогаш може подобро. Од секој одигран натпревар стекнував се поголемо искуство, се надоградував и ги преминував сите недостатоци. Постојано се трудев да го дадам најдоброто од себе, да ја истакнам усовршеноста на игра, со што сето тоа резултираше со добар резултат. 

Добрите нстапи во Јуниор лигата, за школата РК Кузман и овозоможија на Клара да биде дел од селекцијата на играчи за избор во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Токму на денот кога се одржуваше селекцијата ги задоволи вкусовите на присутните тренери, кои и дадоа шанса да игра за најгоемиот клуб во Македонија.

- По многуте изиграни утакмици во Јуниор лигата, постигнатите резултати, вложениот труд, како и секого, посакував да бидам повикана во младинскиот состав на Вардар. Еден ден ненадејно, неочекувано, иако долго посакувано, добив повик за учество на селекцијата за влез во младинскиот состав на Вардар. Бев пресреќна бидејќи бев една од неколкуте повикани. Тоа за мене претставуваше големо достигнување. На селекцијата го дадов максимумот од мене. Се трудев да го покажам најдоброто што го имам усовршено во текот на моето тренирање. По завршувањето на селекцијата додека бев во исчекување на резултатите, длабоко во мене посакував да бидам дел од младинскиот состав на Вардар. На денот кога ги соопштија резултатите, неочекувано, иако премногу посакувано, ми соопштија дека сум една од избраните кандидатки. Ова за мене претставуваше најголемо достигнувавање во досегашното мое играње, со што сега сум член на младинскиот тим Вардар.

Младинките на РК Вардар од следната сезона ќе бидат предводени од Анжела Платон. Екипата ќе ја сочинуваат играчикои во изминатаа сезона настапуваа како младинки и поголем дел од играчите ќе бидат од екипата, која се натпреваруваше како кадетки во сезоната која е зад нас.

-Следната сезона очекувам да постигнувам подобри резултати заедно со мојата екипа. Очекувам да владее тимски дух, игра и пријателство меѓу членовите на тимот. Заедно да се трудиме, подржуваме и постигнуваме се подобри резултати како тим. На мене останува вредно и посветено да работам, а се друго да оставам на моите тренери, изјави Клара Трајковска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски