Остана уште малку до почетокот на вториот дел од сезоната за кадетската екипа на Фк Вардар. Ибраниците на Љупчо Марковски се убедливо најдобрата вардарова генерација која се натпреварува во првенството и купот на Македонија. Пред стартот на пролетната полусезона се наоѓаат на лидерското место на табелата, со учинок од седум победи, четири нерешени дуели и ниеден пораз. Имаат исти бодови со Металург, вкупно 25, но подобра гол разлика од нив, со само 4 примени голови.
Во првенството ги забележаа следниве резултати:
1 коло: Пелистер-Вардар 0:2
2 коло: Вардар-Македонија Ѓ.П 4:1
3 коло: Работнички-Вардар 0:0
4 коло: Вардар-Металург 1:1
5 коло: Академија Пандев-Вардар 1:1
6 коло: Ренова-Вардар 0:2
7 коло: Вардар-Милано 5:0
8 коло: Турново-Вардар 0:4
9 коло: Вардар-Дрита 5:0
10 коло: Шкупи-Вардар 0:3
11 коло: Вардар-Шкендија 1:1
Во националниот куп се пласираа во полуфиналето каде противник им е токму нивниот најголем конкурент за титулата во првенството, екипата на Металург. Овој меч првично требаше да се одигра на 11- март, но последните информации велат дека истиот е презакажан за 18- март. За да стигнат до 1/2 претходно ги елиминираа екипите на Турново и Македонија Ѓ.П.
1/8 Турново-Вардар 1:5
1/4 Македонија Ѓ.П-Вардар 1:4 ( прв меч)
1/4 Вардар-Македонија Ѓ.П 5:2 (втор меч)
Ви ја презентираме и листата на ТОП 5 стрелци, севкупно во лигата и купот.
1.Виктор Димков 9 ( 5 првенство, 4 куп)
2. Ердон Даци 9 (6 првенство, 3 куп)
3. Есмин Личина 8 (сите во првенството)
4.Јасир Беќири 5 ( 3 првенство, 2 куп)
5. Александар Најдоски 4 голови.
Со одлични резултати и сеуште без пораз продолжуваат и во овој подготвителен период каде одиграа голем број на пријателски натпревари.
1. Скопје-Вардар 2:2
2. Бардар-Брегалница 6:0
3. Вардар-Милано 1:0
4. Работнички Вардар 1:5
5. Вардар-Цементарница 7:0
Капитен на екипата е Борјан Тодоровски. Филип Трајчевски и Александар Ѓоргиоски го сочинуваат најдобриот голмански тандем. Сите линии во играта на кадетите функционираат беспрекорно, и заслужено моментално го имаат приматот за “најдобра Вардарова генерација“.
Звонко Ивановски