“Петлињата“ на Фк Вардар генерација 2002 се активни во овој подготвителен период, преч почетокот на нивната лига која би требало да започне за некаде 15 дена.
-Атмосферата во екипата е одлична. Како што го завршивме првиот дел од сезоната, така го продолживме и овој дел. Максимално се подготвуваме за пролетната полусезона каде што играме со една генерација повозрасни од нас.
Оваа генерација е актуелен освојувач на истата лига, која и оваа сезона би требало да брои околу десет екипи. Нејзиниот финиш е во месец јуни.
-Се надевам дека во вториот дел од сезоната ќе продолжиме во истиот ритам. Ќе се бориме и ќе пробаме да ја одбраниме титулата од минатата сезона. Одигравме два пријателски натпревари со генерација 2001 и 2003. Забележавме една победа и еден пораз, ни изјави членот на оваа генерација, Андреј Томиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски