Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Комплетна анализа на кадетите на Фк Вардар, по првиот дел од сезоната.
Комплетна анализа на кадетите на Фк Вардар, по првиот дел од сезоната.

Комплетна анализа на кадетите на Фк Вардар, по првиот дел од сезоната.

Остана уште малку до почетокот на вториот дел од сезоната за кадетската екипа на Фк Вардар. Ибраниците на Љупчо Марковски се убедливо најдобрата вардарова генерација која се натпреварува во првенството и купот на Македонија. Пред стартот на пролетната полусезона се наоѓаат на лидерското место на табелата, со учинок од седум победи, четири нерешени дуели и ниеден пораз. Имаат исти бодови со Металург, вкупно 25, но подобра гол разлика од нив, со само 4 примени голови.

Во првенството ги забележаа следниве резултати:

1 коло: Пелистер-Вардар 0:2

2 коло: Вардар-Македонија Ѓ.П 4:1

3 коло: Работнички-Вардар 0:0

4 коло: Вардар-Металург  1:1

5 коло: Академија Пандев-Вардар 1:1

6 коло: Ренова-Вардар  0:2

7 коло: Вардар-Милано  5:0

8 коло: Турново-Вардар 0:4

9 коло: Вардар-Дрита 5:0

10 коло: Шкупи-Вардар  0:3

11 коло: Вардар-Шкендија 1:1

Во националниот куп се пласираа во полуфиналето каде противник им е токму нивниот најголем конкурент за титулата во првенството, екипата на Металург. Овој меч првично требаше да се одигра на 11- март, но последните информации велат дека истиот е презакажан за 18- март. За да стигнат до 1/2 претходно ги елиминираа екипите на Турново и Македонија Ѓ.П.

1/8 Турново-Вардар 1:5

1/4 Македонија Ѓ.П-Вардар 1:4 ( прв меч)

1/4  Вардар-Македонија Ѓ.П 5:2 (втор меч)

Ви ја презентираме и листата на ТОП 5 стрелци, севкупно во лигата и купот.

1.Виктор Димков  9 ( 5 првенство, 4 куп)

2. Ердон Даци 9  (6 првенство, 3 куп)

3. Есмин Личина 8 (сите во првенството)

4.Јасир Беќири 5 ( 3 првенство, 2 куп)

5. Александар Најдоски 4 голови.

Со одлични резултати и сеуште без пораз продолжуваат и во овој подготвителен период каде одиграа голем број на пријателски натпревари.

1. Скопје-Вардар 2:2

2. Бардар-Брегалница 6:0

3. Вардар-Милано 1:0

4. Работнички Вардар 1:5

5. Вардар-Цементарница 7:0

Капитен на екипата е Борјан Тодоровски. Филип Трајчевски и Александар Ѓоргиоски го сочинуваат најдобриот голмански тандем. Сите линии во играта на кадетите функционираат беспрекорно, и заслужено моментално го имаат приматот за “најдобра Вардарова генерација“.

Звонко Ивановски