Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тешки мечеви за трите Црвено-Црни состави
Тешки мечеви  за трите Црвено-Црни состави

Тешки мечеви за трите Црвено-Црни состави

Три тима на Вардар имаат тешки дуели со сериозни противници . Фудбалскиот во домашната , Машкиот ракометен тим на регионаната , а девојките во Шампионската лига .

Можеби најлесна задача од сите имаат момците на Сергеј Андреев кој во рамките на 19 коло ПМФЛ меч кој ќе се одигра на Арената Филип Втори во недела . Црвено-Црните ќе се сретнат со тимот на Металург . Во последните 5 меѓусебни мечеви ФК Вардар доби четири , а беше поразен само еднаш и тоа нагости . Тимот на Вардар уште на првиот меч во Кратово ја покажа својата супериорност но дополнителен проблем е појавувањето на вирус од кој страдат четири првотимци и шефот на стручниот штаб Андреев . Лекарскиот тим на ФК Вардар ќе има сериозна задача да ги оспособи за во Недела.

ФК Вардар е лидер на табелата во ПМФЛ

ФК Вардар е лидер на табелата во ПМФЛ

Ракометарите на Вардар ќе се сретнат во сабота со тимот на Веспрем во последното коло од групната фаза во СЕХА-Регионалната лига. Двата тима се наоѓаат на првите две места а со тоа имаат обезбедено повластен статус во Ф6 од регионалната лига каде играат дирекно во 1/2 финалето. Овој меч ќе биде вистинско уживање за ракометните гурмани . РК Вардар дури трипати прокнижи пораз од саботниот ривал и тоа двапати во групната фаза од Лигата на европските ракометни шампиони и нагости во Сеха лигата . Момците на Шпанскиот ракометен стручњак Раул  подржани од Комити кој најавија присуство на овој и на фудбалскиот меч ќе се обидат да ја остварат првата победа над Веспрем.

СЕХА Лига табела

СЕХА Лига табела

Девојките на Индира во петок гостуват во Љубљана кај тимот на РК Крим Меркатор во женскиот сегмент од Лигата на Шампионите . Мечот кај фенерџијата во групата е важен за Вардарки бидејќи со победа остануваме во игра за втората позиција на табелата која би донела многу поповолен противник во нокаут фазата . Во Скопје Црвено-Црните девојки во С.Ц. Јане Сандански славеа убедливо со 41 : 30 над Словенките . Мечот ќе може да го проследите во живо на ТВ Алфа со почеток во 19-00 часот .

Табела Лига на Шампионите (ж)

Табела Лига на Шампионите (ж)