Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Англичанецот Роберт Мадли главен судија на мечот Вардар-Динамо, реваншот ќе го суди Русинот Сергеј Иванов
Англичанецот Роберт Мадли главен судија на мечот Вардар-Динамо, реваншот ќе го суди Русинот Сергеј Иванов

Англичанецот Роберт Мадли главен судија на мечот Вардар-Динамо, реваншот ќе го суди Русинот Сергеј Иванов

Европската куќа на фудбалот го одреди “човекот во црно“ кој ќе ја дели правдата на мечот Вардар-Динамо во шампионската лига. Станува збор за 31 годишниот Роберт Мадли , тој дебитира како главен судија во шампионската лига баш на овој меч и истиот пред  пет месеци  се стекна со ФИФА лиценца.

Роберт од 2013 година суди во Премиер-лигата, а од оваа година има дозвола за меѓународни натпревари како главен арбитер. На него ќе му помагаат во арбитрирањето  Гари Бесвик и Јан Хусин. Делегат на овој дуел е    Бернт Барута од Германија. Се знае и судија за реваншот во Загреб кој ќе се игра на 20 јули,  тоа ќе биде Русинот Сергеј Иванов.  Помошници на реваншот ќе бидат  Дмитри Мосиакин и Роман Усачев. Делегат ќе биде англичанецот Мајк Фостер .