Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Далибор Костовски: Капитенската лента во Вардар е голема одговорност, но и чест да се носи за најдобриот клуб во Македонија
Далибор Костовски: Капитенската лента во Вардар е голема одговорност, но и чест да се носи за најдобриот клуб во Македонија

Далибор Костовски: Капитенската лента во Вардар е голема одговорност, но и чест да се носи за најдобриот клуб во Македонија

Во следниов наш текст ќе ве запознаеме со Далибор Костовски, кој настапува за Вардаровата генерација родени “2002“ година. Се работи за играч кој е капитен на екипата предводена од тренерот Петар Ѓорѓиевски и кој игра на позицијата централен дефанизвец. Стандарден во составот на оваа Вардарова генерација и незаменлив дел од нивната игра, како и репрезентативец на Македонската репрезентација до 15 години. Играч со голем потенцијал и квалитет кој го поседува во себе. Ќе ве запознаеме на кратко со Далибор, неговата желба и почетоците со фудбалот, напредок кој е евидентен, како помина сезоната за неговата екипа и чуството да се биде капитен на најголемиот Македонски клуб.

-Овој спорт ми беше омилен и исто така мојата прва желба. Интересно е тоа што ништо не ме потикна да тренирам фудбал, самиот одлучив за да почнам да се занимавам со овој спорт. Моите први почетоци беа во фудбалскиот клуб Вардар и сеуште тренирам таму, а прв тренер ми беше Марјан Герасимовски. Работам напорно и сакам се повеќе да напредувам во фудбалот и да завршам во некој европски клуб. Вардар ми помогна многу за да станам добар играч, исто така благодарение до тренерите Павел Неделковски и Петар Ѓорѓиевски. Чувството да го носиш националниот дрес на својата држава е прекрасно.

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година го заврши регуларниот дел од детската лига на првото место на табелата. Со вкупно 16 победи, еден нерешен резултат и само еден пораз, оваа Вардарова генерација заврши убедливо на врвот во својата категорија. Оваа генерација беше и есенски шампион со максимален број на освоени бодови. На завршните натпревари од детската лига беа забележани четири победи и еден пораз.

-Ние оваа сезона одигравме одлични утакмици ,на кои имавме само еден пораз од екипата на Шкупи од чаир. Во елиминациските мечеви ја потврдивме фаворитската улога и забележавме две големи победи. Се пласиравме како први од Скопско-кумановскиот регион и на државниот турнир во големото финале несреќно изгубивме од екипата на Академија Пандев од Струмица и завршивме втори на второто место.

Капитен на оваа генерација е токму Далибор, кој ја има можноста да биде предводник на својата екипа.

-Капитенската лента во Вардар ми значи многу. Одговорноста е голема, но и чест да се носи за најдобриот клуб во Македонија, тоа е секако ФК Вардар, изјави Далибор Костовски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски