Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА лигата станува шампионска, седум од десетте екипи во оваа лига ќе бидат дел и од ЛШ
СЕХА лигата станува шампионска, седум од десетте екипи во оваа лига ќе бидат дел и од ЛШ

СЕХА лигата станува шампионска, седум од десетте екипи во оваа лига ќе бидат дел и од ЛШ

Оваа сезона не очекува интересно натпреварување во сеха-лигата. Дури седум од десетте учесници во ова натпреварување ќе играат и во лигата на шампионите. Ова само говори за сериозноста на лигата и за квалитетот на екипите кој секоја сезона е се поголем.

Веспрем како актуелен освојувач на ова натпреварување и вицешампион од лигата на шампионите. Вардар кој заедно со Унгарците се најтрофејни во ова натпреварување со по два трофеи и екипа која последниве три сезони е во најдобрите осум екипи во европа. После пауза од една година се враќа и екипата на Металург, која успеа изминатава сезона да биде второпласирана во Македонската супер лига.  Загреб клуб со голема традиција, редовен учесник во лигата на шампиони и со еден трофеј од сеха-натпреварувањето. Оваа сезона се засилија со шест ракометари, а еден од нив е Игор Вори кој пристигна од екипата на ПСЖ, односно се врати во неговиот дом. Тука е и другиот Хрватски претставник, Нексе кој знае секогаш да биде незгоден тим за противничките екипи. Брест Мешков последниве неколку сезони многу вложува во својот тим, а награда за тоа е учеството во најквалитетните групи од лигата на шампионите, токму во група се наоѓаат со нашиот Вардар.

Новитет во новата сезона од Балканската лига ќе биде приклучувањето на најдобрите екипи од Словенија. Целје Пивоварна Лашко и Горење Велење треба да донесат дополнителен квалитет на лигата и поголем број на квалитетни мечеви. Уште една екипа е дел од најсилната група Б во ЛШ, тоа е Целје кој ќе биде еден од противниците на РК Вардар во оваа групна фаза. Горење и Татран Прешов ќе бидат екипите кои преку квалификациски турнир ќе се борат за место во послабите групи од најголемото натпреварување. Горење е секако фаворит, кој во новата сезона ќе влезе засилен со “поранешните“ Вардарци, Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. Сепак предноста Татран Прешов ќе ја бара играјќи на својот домашен терен.

Можеби ако се гледа според квалитетот, екипата на Извиѓач од Босна е најслабо рангирана на оваа листа. Тие се враќаат на настапите во лигата по пауза од три години. Оваа сезона ќе нема претставници од Србија, ниту пак од Црна Гора. Нивните ракометни федерации не успеаа да се договорат со челните луѓе на сеха-лигата за нивно учество во новата сезона, која треба да стартува на 6/7-ми септември. Сигурно дека не очекува една квалитетна сезона, каде најголем дел од екипите ќе играат и во лигата на шампиони. Се надеваме дека Вардарци по пауза од две години ќе го вратат трофејот во своите витрини и ќе станат најтрофејната екипа во ова натпреварување.