Репрезентацијата на Хрватска го одигра претпоследниот подготвителен натпревар, во пресрет на почетокот на олимпсиките игри во Рио. Избраниците на Жељко Бабиќ им вратија на Словенците за првиот пораз и триумфираа на вториот дуел против истава селекција, со конечен резултат од 22:20.
Само во почетните осум минути Словенија беше во постојано водство, но не поголемо од еден гол разлика. Како одминуваше дуелот, Хрватите играа се подобро и полека почнаа да ја контролираат играта и резултатот. Добрата игра во двата правци им донесе предност од четири голови разлика, по завршување на првото полувреме (13:9).
Во вториот де, Хрватска имаше и највисоки пет голови разлика, но следеше еден мал кризен период во ниванта игра, кога избраниците на Вујовиќ стигнаа до израмнување од 19:19. Сепак во последните пет минути, благодарение на погодоците на Игор Карачиќ како победник излезе селекцијата на Хрватска.
Најефикасен во редовите на Хрватска беше токму Игор Карачиќ, кој го заврши натпреварот со 6 постигнати голови. Селекторот Бабиќ го објави и конечниот список од 15 ракометари на кои ќе смета за претстојните олимписки игри во Рио. На него очекувано се најдоа Карачиќ и Иван Чупиќ, додека Лука Циндриќ ќе биде прва замена во случај на повреда на некој играч.