Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС на 15-ти август ги стартува подготовките за новата сезона
ЖРК Вардар СЦЈС на 15-ти август ги стартува подготовките за новата сезона

ЖРК Вардар СЦЈС на 15-ти август ги стартува подготовките за новата сезона

Вицешампионот на Македонија за изминатава сезона, екипата на ЖРК Вардар СЦЈС (Јуниор) првиот собир за новата натпреварувачка сезона ќе го има на 15-ти август. Екипата предводена од Симе Симовски и Александар Царчев ќе тренира три дена во Скопје, по што ќе замине на десетдневни подготовки во Маврово. Се очекува младиот состав на Вардар да учествува на неколку меѓународни турнири. Како можни опции се турнири во Крајова (Романија), Загреб или пак во Србија.

Во однос на играчкиот кадар нема многу големи промени во составот од изминатава сезона. Три ракометарки веќе не се дел од црвено-црните. Се работи за Габриела Џини, Анита Трајчевска и Ангела Петровска. Како што известивме, четири ракометарки од младинскиот состав се прекомандувани во Вардар СЦЈС за настап во новата сезона. Се работи за Анастасија Николовска ( лево крило), Ана Станикевска ( десно крило), Ива Божиноска ( среден бек) и Моника Георгиевска ( десен бек). Не е исклучена можноста на подготовките во Маврово да отпатува и големата голманска надеж на Вардар и Македонскиот ракомет. Се работи за перспективната Јована Мицевска, која и во новата сезона ќе го брани голот на младинскиот состав.

ЖРК Вардар СЦЈС повторно ќе го гледаме во настапите од Челинџ купот, каде за противник во третото коло ќе ја има екипата на Свиленград од Бугарија. Второто место во супер-лигата повторно ќе биде предизвик за младите Вардарки, како и пласман во големото финале на купот.