По само една година фунционирање на ракометната Јуниор лига се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејсво ги дава првите резултати. Настап во Јуниор лигата овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Во оваа сезона 2016/2017 низ селекција за регрутирање на играчи во младите категории ракометната школа на Вардар која фунционира во скопската населба Илинден успеа да и бидат регрутирани шест нивни члена. Вредно за напомена е дека тие лани “дадоа“ девет играчи за Вардар.
Оваа преспективна ракометна школата која фунционира веќе деценија наназад и која влезе во проектот на Вардар за младински школи низ земјава е вистинска прилика младите идни ракометари да ја научат оваа прекрасна игра. Признанијата што ги добиваат со тоа што огромен број нивни играчи се забележани и “повлечени“ во вардаровите школи не е случаен, тоа е плод на макотрпната работа и пред се професионалниот пристап на тренерскиот двоец Александра Јанев и Дарко Јанев. Дарко е поранешен играч на РК Вардар и се уште актуелен ракометар кој е идол на младите ракометари . Овој тренерски двоец со голем ентузиазам и ја пренесува љубовта кон ракометот на помладите. Голема прилика за надоградување е настапот во вардаровата “Јуниор лига“ каде членовите на РК Илинден се натпреваруваат со своите врсници. Тие во кадетскиот состав за ова сезона ги имаат следниве четири имиња:
- Виктор Крстевски – Лево крило -роден 1999 година.
- Јоаким Ангеловски- Голман роден 2000 година.
- Дамјан Јакимовски – Десно крило роден 2000 година.
- Бобан Стојановски- Лев Бек роден 2000 година( е земен малку порано останатите негде на почетокот од оваа година)
Од пред некој ден се потврдени и две нови имиња за во пионерскиот состав кој е предводен од Будимир, во чии ростер од минатата сезона има четири деца “создадени“ низ школата на РК Илинден Вардар. Двете нови ракометарчиња кои се дел од овој состав се :
- Матео Јанчев-Пикер-роден 2003 година
- Дамјан Трајковски- Среден бек- роден 2003 година