Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Кањелас и останатите засилувања заедно со “староседелците“ го одработија првиот тренинг на РК Вардар

(ФОТО) Кањелас и останатите засилувања заедно со “староседелците“ го одработија првиот тренинг на РК Вардар

Најзвучното име кое го засили црвено-црниот ракометен машки колектив шпанецот  Жоан Кањелас, заедно со другите засилувања и “староседелците“ денес тргнаа во авантурата наречена Ф-4 во ЕХФ Лигата на шампионите. Вардар го очекува тешка сезона оваа 2016/2017 бидејќи има настап во СЕХА лигата која од годинава е поквалитетна од сите досегашни сезони со голем број на учесници во ЕХФ ЛШ кои се дел од неја, и нормално не очекува остварувањето на сонот кој го сонуваме неколку сезони наназад пласман на завршниот турнир во најквалитетното европско и светско клубско натпреварување во Келн-Германија.

rk3

РК Вардар предводен од шпанскиот стратег Раул Гонзалес утрово тренираше во теретана, според зацртаниот план денес попладне во 17:00 часот ќе одржат  тренинг во салата на С.Ц „Јане Сандански“. Шпанецот во оваа фаза на подготовки неможе да смета на двајца играчи на Вардар кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Рио, а кои се дел од репрезентацијата на Хрватска : Карачиќ и Циндриќ. 

rk2