Ракометниот клуб Вардар на нивниот официјален веб-сајт соопшти дека левото крило Иван Димитровски (19 години) ќе биде најмладиот член на сениорскиот состав на РК Вардар. Тој зад себе веќе има една сезона во големото црвено-црно семејство тој настапуваше за тимот на РК Вардар-2 во Првата лига, екипа која е под водство на долгогодишниот играч и тренер на Вардар, Стојан Петрушевски.
Иван треба да ја оправда огромната доверба на стручниот штаб на црвено-црните и да потврди дека направиле вистински избор што го избрале да му биде партнер на докажаниот во европски и светски рамки руски крилен играч Тимур Дибиров. Тој како што велат од клубот ќе има можност да се кали на силни натпревари, и да учи од таква светска ѕвезда како што е рускиот. Младиот ракометар има “ракометно педигре“ тој е син на Златко Димитровски кој долги години беше репрезентативец на Македонија и настапуваше за екипата на неколкукратниот поранешен македонски машки ракометен шампион од Битола тимот на РК Пелистер и неколку сезони во Унгарија. Покрај него со тимот на подготовките во Крањска Гора ќе бидат и уште три члена од екипата на Вардар јуниор: голманот Данел Ѓорѓески, десното крило Мартин Поповски и бекот Тоше Ончев.