Според дел од медиумите во неговата родна Белорусија 35-годишниот екс играч на шпанска Барселона, Сергеј Рутенка би можел да биде дел од црвено-црниот машки ракометен тим. Претходно имаше најави за негово доаѓање, но тогаш тој беше врзан со договор и активно настапуваше за шпанскиот шампион.
Во моментот тој е “слободен агент“ и доколку потпише за ракометниот клуб Вардар или за било кој тим би го сторил тоа без оштета. Интересно е што покрај тоа што Рутенка е лев бек одлично се знаоѓа по потреба на позицијата кружен напаѓач-пикер. Тој за домашните медиуми пред десетина дена изјавил дека досега на негова адреса се стигнати десетина понуди од екипи кои претежно не се за неговит калибар веројатно мислејќи на сериозни претенденти во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона. Иако на таа позиција моментално имаме млади сили сепак неговото богато искуство е непроценлив плус за црвено-црните и тренерот шпанецот Раул Гонзалес. Сепак ќе оставиме времето да покаже дали оваа информација на белоруските медиуми ќе се оствари или не. Пред неколку години Рутенка беше во Скопје на мечевите на вардарци, а подоцна се појавиа и слики во медиумите од средба со сопственикот на нашиот клуб г-н Сергеј Самсоненко.