Црвено-црните момци тргнаа на овогодинешните подготовки во Крањска Гора, тие таму ќе ја одработат втората фаза од овие летни подготовки, од како првата фаза беше реализирана во Спорскиот центар “Јане Сандански“- во Скопје. Тие почнаа со подготовки на средата, на истите фалеа двајцата хрватски репрезентативци Лука Циндриќ и Игор Карачиќ кои веќе се во Рио, Бразил каде со својата селекција ќе настапат на Олимписките Игри-2016.
Втората фаза од подготовките ќе се одвива во Словенија во перидот од 1-12 август. Ова е четврта последователна година за Вардар, откако главните припреми се одвиваат на ова место кое нуди одлични услови за работа. Тука се очекува да ги одиграме и првите два контролни меча и тоа против силниот тим на Горење Велење, за кој ќе настапат Брумен и Тоскиќ. Првата посериозна проверка за формата на екипата ќе биде силниот турнир во Белорусија, на кој покрај домаќинот Брест Мешков ќе настапат уште и Висла Плоцк и Рен од Франција. По крајот на турнирот, веќе на 22 август екипата се враќа во Скопје.