Friday ,06 June 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Пикерот Петровска од ЖРК Вардар Јуниор премина во Трир-Германија

Пикерот Петровска од ЖРК Вардар Јуниор премина во Трир-Германија

1999

Младиот пикер кој оваа сезона настапуваше за ЖРК Вардар Јуниор (од сезонаа СЦЈС) Ангела Петровска е најнов играч  на германскиот женски ракометен Бундес вторологаш Трир. Младата Петковска лани настапуваше за тимот на помладите вардарки предводен од Симе Симовски, таа  одлучи својата кариерата годинава да ја продолжи во С.Р Германија.

Македонката според информациите веќе  две недели  била дел од   летните подготовки на германскиот тим, самото потпишување е потврда дека довчерашната вардарка покажала квалитет кој го препознал тренерот на екипата Кристина Кабеза Гутиерез. Трир сезонава ќе игра во втората  Бундеслига, и според познавачите на приликите важи за еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место и враќање во елитата. Благодариме Ангела Петровска за твојот придонес во црвено-црниот дрес, со среќа во кариерата од редакцијата на Вардар фанс.