Црвено-црниот женски ракометен колектив го помести почетокот на подготовките за два дена, иако неколку пати беа најавувани за први август (денес) сепак како што известуваат од клубот подготовките за новата натпреварувачка 2016/2017 сезона за ракометарките ќе почнат на 3 август. Според планот првите контролни средби ќе се играат на крајот од месецот, на турнир во Словенија.
Задутре приот собир ќе биде попладне, кога е закажан тренинг во 16.30 часот, истиот ќе се одржи во СЦ “Јане Сандански”. Почетните три дена од подготовките ќе бидат во Скопје каде ќе се вршат потребните медицински прегледи. На шефот на стручниот штаб на црвено-црните нема да му бидат на располагање дури шест ракометарки кои се на Олимписките игри во Рио, Бразил со своите национални селекции :Камила Херем, Мајса Песоа, Амандин Лејно, Александра Лакрабере, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. Како што велат од клубот додека се тренира во Скопје ќе имаме само еден заеднички утрински тренинг на 6 август со оние што ќе бидат на располагање на тренерот Индира Кастратовиќ, по што попладнето треба да заминеме во Словенија, во терме Зрече каде ќе останеме до 18 август. Моментално помошник тренер не е назначен, ланскиот Камара се одлучи да продолжи со Гонзалес кај момците, се очекува новото име наскоро да се обелодени. На 18-ти месецов тимот каде ќе настапи на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. Домаќинот на истиот е екипата на Крим Меркатор, ќе семат учество и Подравка Вегета и Хипо. Вардарки во Скопје се враќаат на 21-ви август.