Црвено-црните извршија ротација на тренерите кај најмалите генетации “петлиња„, тие одат по теркот на големите европски екипи каде во школите секоја генерација има различен тренер секоја сезона со цел да дечињата да запознаат различен метод на работа што ќе допринесе за нивниот фудбалски развој. Шампионската генерација од минатата сезона “2007“, е доделена на нов фудбалски педагог, тренерот Зоран Петковски. Тој претходната сезона ја водеше генерацијата “2005“, на вчерашниот тренинг Петковски со младите лавчиња одржи интересен тренинг каде на младите им зададе задачи за кординација на движење и други вежби со цел нивно подготвување за престојните септемврски предизвици кога стартува Детската лига. Вардар фанс како неуморен поддржувач на младите категории присуствуваше на овој тренинг и ви носи фотогалерија од истиот, во продолжение.