Комитите по вчерашната работа на терен и денеска организираат помош за загрозените во најзагрозените подрачја во главниот град, Скопје . Денешниот нивни собир ќе биде во 16-00 часот. Во соопштението на Комитите од вчера доцна навечер се вели следново:
Навивачката група КОМИТИ ЗАПАД им заблагодарува на сите свои членови кои денес беа дел од хуманитарната акција за помош на настраданите во поплавените реони. Сакаме да истакнеме дека состојбата на терен е крајно аларманта и со таа цел нашата група ке ја продолжи акцијата и во текот на утрешниот ден.
Поради неопходна помош, утрешната акција ке биде насочена само на терен и ве повикуваме сите, заедно, утре, да помогнеме на нашите браќа и сестри во погодените места и реони.
Собирно место ке биде Соборен Храм во 16часот по што заедно ке се упатиме на местата каде што има најголема потреба. Кој има можност нека понесе лопата, гумени чизми, ракавици и слично..
Истовремено, сакаме да се заблагодариме на навивачката група CITY PARK BOYS за денешната поддршка на нашата хуманитарна акција.
КОМИТИ ЗАПАД