Новата Вардарка, Французинката Александра Лакрабер игра во одлична форма на Олимписките игри во Рио. На вчерашниот натпревар за својата селекција нашата ракометарка постигна дури 11 погодоци, од вкупно 13 обиди. Но и тоа не беше доволно за Франција да слави победа. Селекцијата на Русија победи со резултат 26-25. Исто така и Лејно беше солидна, со 9 успешни одбрани.
Селекцијата на Бразил пак, ја”разнесе” селекцијата на Романија со резултат 26-13. Во селекцијата на Бразил настапи и новата голманка на ЖРК Вардар Песоа. Песоа не доби голема минутажа на овој натпревар бидејќи својата колешка од репрезентацијата имаше одличен меч. Песоа иако не играше, успеа да одбрани два пенали.