Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Скопје Куп: Пионерите оштетени за чист погодок и поразени минимално со 0-1
Скопје Куп: Пионерите оштетени за чист погодок и поразени минимално со 0-1

Скопје Куп: Пионерите оштетени за чист погодок и поразени минимално со 0-1

На еден од терените на ФФМ денес својот меч од третот коло во “Скопје купот“ го одигра пионерскиот состав на фудбалскиот клуб Вардар. Тие овој меч го почнаа ослабнати бидејќи тројца нивни играчи се дел од соодветната селекција на Македонија. Противник ни беше хрватската фудбалска школа Сесвете. Во меч во кој целосно доминиравме и ја имавме топката не успеавме да победиме, гостите играа дефанзивно одејќи на реми 0-0, сепак им се укажа шанса во последната минута и погодија за 0-1 и однесоа изненадувачки и незаслужен триумф. Сашо Тодоровски го почна мечот со следните момци: Денковски, Петковски, А. Ѓорѓиевски, Стојчевски, Калчиновски, Адем, Рејатовски, Бериша, Ристовски, М.Ѓорѓиевски, Кренар. 

Минута молк- за загинатите во поплавите од завчера!

Минута молк- за загинатите во поплавите од завчера!

Мечот почна со минута молк на двете екипи по повод денот на жалост во нашата Република. Во мечот први тргнавме да поведеме ја имавме инцијативата на почетокот од првиот дел кој се играше 30 минути според пропозициите на овој турнир. По нашите јалови напади во првите 10 минути во периодот потоа се играше цврсто на средината од теренот со многу прекини, претежно од хрватските фудбалери кои се обидуваа нашата игра да ја умртват со чести фаули на средината. Првата прилика ја имавме по соло продорот на Марко Ѓорѓиевски кој не успеаа да дојде во поволна прилика за погодок. Потоа истиот играч одлично нафрли до Рејатовски Андреј кој со глава бие на неколку сантиметри крај голот. Имавме неколку полу-прилики до крајот без посебна опасност, голема прилика за одбележување имавме во 29 минута кога по корнер оддесно повторно Рејатовски Андреј со глава бие, овојпат во мрежата, но за жал од надворешната страна на голот.

yz2

Вториот дел Сашо Тодоровски го почна со Мето Велковски на голот,а подоцна во текот на вторите 30 минути даде шанса на сите играчи од ростерот. Сесвете ја имаше почетната инцијатива на самиот почеток од вториот дел, сепак брзо ја преземавме истата од нив. Најдоминантен во играта кај нас беше Марко Ѓоршиевски кој се трудеше да ја разигра екипата и се обидуваше да биде закана за противничкиот гол.  Голема прилика пропуштаме преку Мартин Филиповски кој по извреден скратен корнер со волеј шутира над пречката од голот на хрватите. Вардар беше грубо оштетен од судијата Маријан Младеновски кога на две минути до крајот по одличен слободен удар изведе Горјан Каркалшев, топката од пречката заврши во голот сите играчи на теренот застана очекувајќи свиреж и знак да се тргне од центарот, сепак свирката на Младеновски остана “нема“ на општо изненадување на играчите и гледалиштето. Казната за жал во фудбалот брзо стига, по непризнаениот гол, веќе во следната акција која беше последна на овој дуел со помош на среќата Сесвете постигнува гол за 0-1, по што судијата означува крај на овој дуел помеѓу двете пионерски екипи.

Денеска свој дуел одигра и ФК Вардар генерација 2002 година тие исто така по две победи во третиот меч беа поразени со високи 4-0 од српска Војводина, тој меч се играше исто така на терените на Фудбалсата федерација на Македонија.