Tuesday ,11 March 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровите пионери против Шкендија, во борба за големото финале на “Скопје куп“
Вардаровите пионери против Шкендија, во борба за големото финале на “Скопје куп“

Вардаровите пионери против Шкендија, во борба за големото финале на “Скопје куп“

Денес на теренот во населбата Марино со почеток ќе се одиграат полуфиналните натпревари на турниот “Скопје куп“, кај генерација родени 2000 година. Со почеток од 10:15 часот ќе биде одиграно првото полуфинале помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Вардаровите пионери на убедлив начин стигнаа до можноста да се борат за големото финале, откако во четвртфиналниот меч беа супериорни во дуелот со Металург, совладувајќи ги со убедливи 3:0.  Нивниот пак денешен противник, Тетовска Шкендија беше посреќна во пенал рулетот од екипата на Реал Ниш (Србија). Овој натпревар во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 1:1. По изведувањето на удари од белата точка, славеше Шкендија со резултат 3:2.

Избраниците на Сашо Тодоровски во групната фаза забележаа две победи и еден пораз. Беа совладани тимовите на Септември (Бугарија) и Пелистер, додека бевме минимално поразени од екипата на Сесвете. Нема многу скриени адути на денешниот дуел, двете екипи повеќе од добро се познаваат. Минатата сезона во првенството, по една победа им припадна на Вардар и Шкендија и тоа на противничките терени, со минимална победа од еден гол. Во елиминациските мечеви на овој турнир, Вардарци се ослабени за неиграњето на Саит Битиќи, Филип Антовски и Филип Стојановски, кои ќе бидат дел од Македонската репрезентација до 17 години на контролните мечеви против Романија. Сепак квалитетот е на страната на Вардар, кој треба да се потврди и на терен. Во другото “Хрватско’ полуфинале се сретнуваат екипите на Сесвете и Осијек. Големото финале на “Скопје куп“ ќе биде одиграно во текот на утрешниот ден.