Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Последни денови за пријавување на деца од генер.2005 и 2006 за Летниот камп на ФК Вардар, од денес почнаа и уписите за Академијата
Последни денови за пријавување на деца од генер.2005 и 2006 за Летниот камп на ФК Вардар, од денес почнаа и уписите за Академијата

Последни денови за пријавување на деца од генер.2005 и 2006 за Летниот камп на ФК Вардар, од денес почнаа и уписите за Академијата

Црвено-црниот фудбалски колектив  организира Летен фудбалски камп во “бисерот крај охридското езеро“ градот Охрид. На истиот главна цел е децата да стекнат спортски навики и да го негуваат спортскиот дух, на оној начин како што тоа го прават професионалните фудбалери. За младите надежи овој камп има големо значење бидејќи најталентираните од нив ќе бидат селектирани за Фудбалската Академија „Вардар“.

Првата смена  е во тек на неа се дечињата од генерациите 2003 и 2004 кои вредно работат. Има над 75 деца во првата смена, апак воедно ве информираме течат последните денови за пријавување за дечиња за присуство во втората група.   Втората смена е наменета за деца од генерациите 2005 и 2006 година а тренери на малите фудбалери ќе им бидат Игор Кралевски и Филип Арсовски. Сите тренери кои секојдневно ќе се грижат за децата се со ПРО и А УЕФА лиценци. Сместувањето е во хотел „Дипломат“ и во апартманите Делукс во близина на терените за тренинг, во комплексот „Билјанини извори“. Покрај секојдневните тренинзи и натпревари дел од кампот ќе биде и невладината организација Опен Фан Фудбал. Ќе се организираат прошетки, дружење на плажа и други рекреативни активности. Целта на овој камп е децата да стекнат спортски навики и да го негуваат спортскиот дух, како што тоа го прават професионалните фудбалери. Летниот камп на „Вардар“ е важен и од социјален аспект. Децата ќе стекнат нови пријателства преку спорт, дружење и игра. Втората смена заминува на 16-ти, цената е 6.500 денари. Информирајте се повеќе на 02 3 130 712.

Воедно од Ве информираме дека фудбалската Академија Вардар од денеска (10-ти,август) започнува со уписи за генерациите родени од 2002 до 2010 година. Децата кои отсекогаш сакале да бидат фудбалери, сега имаат можност тоа да го остварат веќе од 1-ви септември кога започнуваат тренинзите во Академијата. Академијата се состои од детска школа,  каде месечната членарина изнесува 800 денари и е отворена за сите    кандидати без разлика на нивниот степен на фудбалско знаење. Додека во фудбалската академија веќе се    обучуваат младите Вардарци одбрани од стручните лица и се подготвуваат за учество на натпревари и турнири.  Талентите пак од детската школа кои ќе бидат препознаени од нашите тренери префрлуваат во фудбалската    академија каде продолжува нивниот професионален развој и подготовка за натпревар.