Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Сашо Тодоровски: Честитки до моите јунаци, кои покажаа како се бранат боите на клубот
Сашо Тодоровски: Честитки до моите јунаци, кои покажаа како се бранат боите на клубот

Сашо Тодоровски: Честитки до моите јунаци, кои покажаа како се бранат боите на клубот

Освојувачи на силниот меѓународен турнир “Скопје куп“, кај генерацијата родени “2000“ година се пионерите на фудбалскиот клуб Вардар. Тие денеска во големото финале беа подобри од екипата на Сесвете која доаѓа од Хрватска, со резултат 3:1. Со пет победи и само еден пораз, црвено-црните на крајот сосема заслужено го освоија првото место. Голем удел во успехот на оваа генерација има и тренерот Сашо Тодоровски кој за годинаипол како што е на кормилото на оваа екипа успеа да освои веќе четири трофеи. Да потсетиме дека во пролетниот дел во сезоната 2014/2015 го освои националниот куп со помладите пионери, додека како што е познато изминатава сезона успеа да направи голем успех освојувајќи ја двојната круна во лигата и купот.  Популарниот Рап-Тап за нашиот сајт го изрази задоволството од играта на неговата екипа и совоениот трофеј.

-Задоволен сум од освојувањето на турнирот “Скопје куп 2016“. Беше многу напорно, одиграме шест натпревари за исто толку дена и на крајот сосема заслужено и убедливо го подигнавме трофејот. Морам да им честитам на моите јунаци, кои и во отсуство на четири играчи кои се со репрезентацијата до 17 години покажаа како треба да се бранат боите на клубот. Квалитетен турнир со неколку одлични екипи, како Хрватските тимови. Тука беа и Пелистер, Металург и Шкендија, но ние беа поквалитетни во сите дуели, на кои покажавме карактер и поголема желба за победа од сите противници.

Веќе следниот викенд започнува одбраната на двојната круна за Вардаровите пионери. Противник во првото коло за избраниците на Тодорвски ќе биде екипата на Академија Пандев, меч кој ќе се одигра во Струмица.

Се работи за генерација во која има голема перспектива. Не очекува сезона во која треба да ја одбраниме двојната титула и се надевам дека ќе успееме во таа цел. Посакувам исто така повеќе квалитетни турнири во сезоната која претстои, на кои моите играчи би собирале искуство кое им е потребно за предизвиците кои им следуваат во иднина, изјави Сашо Тодоровски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски