Вардаровата ракометна експедиција вчера попладне се врати во Скопје, каде од понеделник ќе се продолжи да се тренира во спортскиот центар Јане Сандански. Како што е познато тимот беше на десетдневни подоготвки во Крањска Гора. Ова висинско место нуди одлични услови за работа, а црвено-црните четврта последователна година се одлучуваат главниот дел од подготовките да го реализираат токму на ова место. Покрај физичката и кондиционата подготовка на момците, се работеше паралелно во сала и теретана. Екипата која и во новата сезона ќе биде предводена од тренерскиот тандем Гонзалес-Дејвис одигра и два контролни натпревари, со екипата на Горење Велење. На истите беа забележани две победи, од кои втората беше многу убедлива (38:27). Своите први мечеви во црвено-црниот дрес ги одиграа и новите засилувања Канелас, Фереира и Борозан, кои спорд бројот на погодоци на двата меча покажаа дека се работи за одлични играчи, кои треба во новата сезона да го подигнат нивото на игра и да го донесат тимот на скалило погоре во лигата на шампионите.
Веќе на 18-ти август (четврток) заминуваме за Белорусија, каде ќе ја имаме првата силна проверка пред стартот на сезоната. Тука ќе настапиме на турнир во организиција на Брест Мешков, кој е и наш противник во најсилната група од ЛШ. Висла Плоцк и Рен ќе бидат останатите два учесници на турнирот. Да споменеме дека Вардар е освојувач на последното издание на “Белгазпромбанка“ и тоа од минатата година. Повторно ќе следи враќање во главниот град на Македонија, каде ќе продолжиме да се подготвуваме. Првиот официјален натпревар за Вардарци е на 6/7-ми септември и тоа во сеха-лигата. После завршување на олимпиксите игри се очекува на екипата да се приклучат Хрватските репрезентативци Карачиќ, Циндриќ, но и најновото засилување Чупиќ.