Утре ќе се одигра големото дерби на ПМФЛ, дуелот помеѓу најголемите претенденти и оваа сезона во ПМФЛ, тимовите на Вардар и Шкендија. Ждребот сакаше исто како и минатата сезона, во второто коло да се судрат овие два тима. Од таборот на нашиот тим не кријат дека и оваа сезона го прифаќаат епитетот фаворит на овие дуели и одбрана на титулата.
Иако во овој момент според последните информации, во нашиот табор имаме проблеми со повредени играчи, иако не сме во баш најдобра форма, иако тимот на Шкендија е влезена во полн натпреварувачки ритам, сепак, ние сме Вардар и треба да покажеме на утрешниот меч дека и оваа сезона Шкендија нема што да бара во дуелите со шампионот на Македонија. Не треба да не залажуваат и информациите во медиумите со наводна игра на ”комбиниран” тим од страна на тетовчани. Сепак, Вардар, треба да си ја игра и гледа својата игра, нешто слично како на последниот натпревар минатата сезона, каде постигнавме брз гол, во 9 минута, а потоа беше се по лесно.
Дојдете утре во 17-30ч на Градски, да навиваме за овие момци, кои треба да слават важна победа, иако првенството е на сам почеток.
Еден живот, една љубов – Вардар.