Денес втор тим на женскиот црвено-црн ракометен колектив младиот состав на Вардар СЦЈС (Јуниор) и официјално ќе ги започне подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/2017. Избраничките на Симовски се актуелен вицешампион на Македонија, одкако лани успеаа да завршат зад првиот тим на црвено-црните предводен тогаш од тренерскиот двоец Индира Кастратовиќ-Дејвис Камара, што беше голем успех за овој млад клуб.
Тие одлично одиграа и во Челинџ купот, каде за малку не успеаа да се пласираат во најдобрите четири екипи во ова европско натпреварување, тие годинава покрај во женската Супер лига повторно ќе бидат македонски преставник во истото натпреварување. Стратегот на овој тим Симе Симовски на располагање ќе има 20 ракометарки, единствено отсутна ќе биде само Драгана Петковска која е со сениорскиот тим на Вардар на подготовки во Словенија. Ростасерот е претежно составен од девојки кои лани беа во тимот, но “подмалдени“ сме со четири ракометарки од младинската екипа: Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Моника Георгиевска и Ана Станиќевска (таа ќе биде наш најмлад член, со 16 години) Според планот за овие летни подготовки неколку дена тимот ќе биде во Скопје каде ќе се извршат потребните медицински прегледи и нормално паралено ќе се тренира, а потоа се заминува за Маврово на висински подготовки.