Со убедлива победа над Кипар, машката кадетска ракометна репрезентација ги започна настапите на ЕХФ Шампионатот. После победата и нерешениот резултат на контролните мечеви против Бугарија, избраниците на Илија Темелковски ги впишаа првите бодови и во ова натпреварување.
Пред стартот на мечот, Македонија беше голем фаворит во дуелот со Кипар и според резултатот целосно ја оправдавме таа улога. Добрата одбрана во текот на првиот дел, каде примивме само 7 голови, беше најва за добра игра на нашите млади надежи. На полувреме Македонија имаше убедливо водство од 22:7, по што беше познато кој ќе слави на крајот.
Во второто полувреме, селекторот Темелковски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање, испробувајќи исто така различни варијанти во двата правци на играта. Предноста ниту во еден момент не беше загозена, напротив како одминуваше мечот таа се повеќе се зголемуваше во наша корист. Конечниот резултат гласеше 36:17.
Во составот за овој дуел беа и четири ракометари на Вардар. Иван Димитровски постигна 3 гола, додека по 2 беа дело на Дејан Кукуловски и Стефан Крстевски. Марко Кизиќ е еден од двајцата голмани за Македонија на ЕХФ Шампионатот. Денес со почеток од 14 чсаот го играме вториот меч од групата, против селкецијата на Ерменија, против која сме исто така големи фаворити.