Ракометната репрезентација на Хрватска се пласираше во четвртфиналето на олимписките игри во Рио. Избраниците на Жељко Бабиќ во последниот натпревар од групната фаза беа подобри од селекцијата на Тунис, која на овој дуел настапи без своите најдобри поединци Жалуз и Теј.
Победникот беше решен уште по првите 30 минути кога Хрватска на одмор замина со предност од 25:10. Уште од самиот почеток се виде дека ослабениот Тунис неможе да парира на една ваква Хрватска која се наоѓа во одлична форма. Освен стартниот пораз од Катар , репрезентацијата на Хрватска во наредните четири меча издвојува победи против Аргентина, Данска, Франција и сега Тунис и така обезбеди четвртфинале на олимписките игри. Второто полувреме беше само чиста рутина за “коцкестите“, додека разликата се движеше од 12-15 голови предност.
Посебно расположен на овој натпревар беше Игор Карачиќ кој постигна дури 9 голови, додека неговиот нов соиграч од Вардар, Иван Чупиќ овој дуел го заврши со 5 погодоци. Полска ќе биде противник за Хрватска во четвртфиналето и пречка во борба за еден од медалите на олимписките игри во Рио. Инаку Карачиќ, Чупиќ и Циндриќ се единствените ракометари од Вардар кои не претставуваат во Рио.