Повторно самба на Градски, овој пат Фелипе Рибеиро не е сам, на неделната дерби пресметка за нова самба се погрижи и новиот играч на Вардар, новата ”кариока” Боарето. Самбата на Градски беше одиграна по вториот погодок, а во главна улога беа токму нашите бразилци, Фелипе и Борето.
Боарето повлече еден контра напад, убаво додаде до својот колега, кој се обиде со полу лоб удар да го матира Захов, топката се чинеше дека немаше да заврши во голот на противникот, но на вистинското место, на само еден метар од голот, топката ја спроведе на вистинското место Боарето, за големо славје, и како некогаш, самба на Градски. Се надеваме дека во иднина на секој меч ќе гледаме по некоја самба од нашите играчи.