Екипата предводена од Стојан Петрушевски вредно ги одработува подготовките во Скопје кој се прва фаза во подготовка на тимот за втората сезона во суперлигашката конкуренција. На вчерашниот попладневен тренинг присуствуаше и Вардар фанс од кој ви донесовме галерија која може да ја погледнете(ОВДЕ). Веќе зад тимот на младите вардарци екипата на РК Вардар Јуниор е еден силен тест меч со новајлијата во Супер Лигата битолски Еурофарм Работник. Момците утре имаат закажано нов, втор тест дуел со велешки ГРК Борец.
На дуелот со Еурофарм Работник небевме комплетни (исто ќе биде и утре) настапивме со комбиниран состав заради репрезентативните обврски на дел од нашите ракометари и имавме и одсуството поради заминување на подготовки со првиот тим на РК Вардар, тогаш одигравме убав и квалитетен тест-дуел. Во овој меч бевме поразени со 28-33 (13-15), но може да се каже дека одигравме одлично со она што му беше оставено на располагање на Петрушевски. Нашите ракометари од утре ќе го играат вториот контролен меч пред почетокот на сезоната, и ќе бидат домаќини на Борец од Велес, тим кој се спаси од испаѓање по бараж-дуелот со РК Вардар-2 кој како вицешампион во Првата лига се пласира во истиот. Тогаш на чело на РК Вардар-2 беше Стојан Петрушевски и дел од сегашните играчи во Јуниор беа дел од тој меч. Тест-дуелот е закажан со почеток во 18-30 часот, овој меч како и оној со битолчани ќе се игра во Срц „Кале”. Според планот за подготовки младите вардарци продолжуваат да се подготвуваат во Скопје, а потоа ќе заминат во Маврово. Влезот на утрешниот контролен меч е слободен .