Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Андреј Кировски се враќа во Вардар, кадетите “осетно“ засилени пред почетокот на новата сезона
Андреј Кировски се враќа во Вардар, кадетите “осетно“ засилени пред почетокот на новата сезона

Андреј Кировски се враќа во Вардар, кадетите “осетно“ засилени пред почетокот на новата сезона

Големата надеж на Македонскиот фудбал и член на репрезентацијата до 18 години, Андреј Кировски се враќа во редовите на Вардар. Кировски изминатата сезона ја помина како член на Динамо Загреб, но бидејќи сеуште немаше полни 18 години, Загребчани не беа во можност да го регистрираат младиот играч. Тој веќе тренира со кадетите на Вардар и во новата сезона која започнува во сабота ќе биде дел од оваа екипа. Инаку игра на позицијата централен дефанзивец. За враќањето во Вардар, Андреј на кратко за нашиот сајт го изјави следново.

-Нормално дека сум среќен за враќањето во мојот матичен клуб. Иако до сега одработев само четири тренинга гледам дека моите соиграчи се одлично подготвени. Се работи напорно, а желбата на секој е двојна титула во сезоната која следи. Ќе дадеме максиум од себе на секој натпревар да се прикажеме во добро издание и да забележиме што поголем број на победи, изјави Андреј Кировски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски