Од утре во градот Охрид стартува традиционалниот младинскиот фудбалски турнир “Фер Плеј куп“. Истиот ќе биде првиот предизвик за Вардаровите екипи во новата натпреварувачка сезона 2016/2017. На овој турнир фудбалскиот клуб Вардар ќе учествува со три генерации и тоа генерациите родени 2005, 2006 и 2007 година и тоа со вкупно пет екипи. Сите овие генерации се веќе во Охрид, каде заминаа на летниот камп (види фотогалерија) во организација на Вардар и каде ќе работат се до започнување на турнирот. Претходно ве известивме за групи во кои ќе се натпреваруваат нашите млади надежи тоа може да го погледнете -овде. Вардаровата генерација родени “2007“ година со новиот тренер Зоран Петковски ќе настапи со две свои екипи. Избраниците на Филип Аросвски, кој на почетокот на сезоната работи со генерација “2006“ ќе настапат со еден тим, а со две екипи ќе партиципира и генерацијата родени “2005“ година, на тренерот Игор Кралевски. Во продолжение ви го носиме целосниот распоред за овој турнир.