Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Филип Манасиевски: Ќе докажеме дека сме поквалитетна екипа од нив и на крајот се надевам дека со три бода ќе заминеме од гостувањето во Струмица

Филип Манасиевски: Ќе докажеме дека сме поквалитетна екипа од нив и на крајот се надевам дека со три бода ќе заминеме од гостувањето во Струмица

Новата натпреварувачка сезона во првенството на младинските фудбалски категории започнува утре со мечевите од првото коло. Противник на сите наши генерации ќе биде екипата на Академија Пандев од Струмица. Пионерските екипи ќе гостуваат на овој противник, додека кадетите и младинците како домаќини ќе го одиграат мечот. Помладите пионери како вицешампиони ја завршија минатата сезона и само за еден бод им “побегна“ првото место. Главниот дел од подготовките избраниците на Сашо Јанев го одработија во Струга, каде одиграа три контролни натпревари и забележаа исто толку победи. Совладани беа екипите на Фљамуртари (3:0), Еврофудбал (1:0) и Ферплеј (5:0). Сепак првиот вистински тест за оваа генерација следува утре на гостувањето во Струмица. Капитенот на помладите пионери, Филип Манасиевски во пресрет на овој дeрби дуел кој започнува од 11 часот ги споделува очекувањата за новата сезона.

-Подготовките поминаа одлично, сите момци беа целосно ангажирани и посветени на тренинзите кои ги спроведуваше тренерот Саше Јанев. На контролните натпревари имавме максимален учинок, без ниту еден примен погодок. Во новата натпреварувачка сезона ќе дадеме се од себе да го освоиме првенството и купот. Утре започнуваме со екипата на Академија Пандев, на кој очекувам тежок натпревар. Сигурно и тие се мотивирани како нас, но ние ќе докажеме дека сме поквалитетна екипа од нив и на крајот се надевам дека со три бода ќе заминеме од гостувањето во Струмица, изјави Филип Манасиевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски